Елена и Јелена како јајце на јајце: Неверојатна сличност на пејачките, како да се сестри

Две музички ѕвезди кои се регионално познати и омилени кај публиката, два неприкосновени вокали, две прекрасни жени - секоја на свој начин, а сепак толку слични.

Јелена Томашевиќ е во топ пет најпознати и најдобри вокали во Србија и Елена Ристеска исто така е меѓу најдобрите пејачки во Македонија.

Секоја има свој личен печат и убавина, но сепак кога ги анализирате малку подобро, ќе сфатите дека има некоја поврзаност и сличност кај овие две мега популарни пејачки. 

Првата карактеристика е дека и двете обожаваат да носат црвен кармин, кој патем и на двете им стои перфектно.

Исто така и двете имаат слична коса, односно во истите нијанси и должини. 

А дефинитивно имаат и складен стил на облекување, па често ги гледаме во слични комбинации - од црно-бели стајлинзи до лелеави фустани со цветни дезени.

Што мислите вие наликуваат ли овие две убавици?


Р.Ж.М.


Мојот сопруг е сигурен во тешки моменти: Приватно со Јелена Томашевиќ пред концертот во Скопје

Никогаш не е доцна: Јелена Томашевиќ научи да скија на 38 години (ВИДЕО)

Елена и Ламбе по седум години повторно заедно: Убава си, не се давај!