ЕДЕН УЧЕБНИК ЗА СИТЕ ПРЕДМЕТИ, ЌЕ ИМА САМО ПО АНГЛИСКИ, НО САМИ ГО КУПУВААТ: Родителите револтирани-„Ќе ги преучат децата“

На почетокот на новава учебна година четири генерации ученици се без потребните учебници бидејќи надлежните досега не успејаа да ги испечатат. Без книги се учениците од прво, второ, четврто и петто одделение. Учебници ќе има, уверуваат од Министерството за образование, но посочуваат дека ќе бидат готови некаде до пред крајот на првото полугодие, заради што се изготвени материјали за учење. Тие се веќе доделени, но родителите на учениците се револтирани, од, како што велат за Фактор, несериозниот однос кон тоа што е најважно за децата, а тоа е образованието и целиот образовен процес. За нив е незамисливо сите предмети, како што велат, односно мајчин јазик, математика, историја и општество и природни науки да бидат во само една “книгичка“ наречена „Материјали за учење“.

Сите промени досега, сите овие изминати години се само на штета на учениците, а образованието со „брзина на светлината“ оди само надолу и надолу, велат некои од родителите. 

-Единствената добра работа е што децата нема да паѓаат од тежината на ранците. Ќе има само учебник по англиски јазик, но се разбира, тој сами си го купуваме. Несериозниот однос на Министерството за образование како и срамната изјава на Министерот за образование ја започнаа школската година. Учениците наместо во јуни да ги добијат сведителствата овој свечен и значаен чин за учениците беше одложен за почеток на новата школска година. Дополнително, печатењето на учебници кое се најавува дури во втората половина од учебната година кажува за неодговорноста и неспособноста на министерот за образование. Се поставува прашањето дали неспроведување на постапката за печатење на учебници е со одредена намера за отстранување на печатените учебници или се работи за крајна неоговорност на Министерство за образование. За жал, која и да е проичината децата се тие кои ќе ги почуствуваат негативните последици од недостатокот на потребни учебници за секое дете. Би потенцирала дека лани учениците во четврто одделение немаа книги туку требаше само онлајн да учат од дигитални учебници, но скоро сите принтаа учебници во свија режија за полесно учење на децата. Таблети воопшто не беа обезбедени за децата па правото на бесплатно образование воопшто ниту се почитува ниту се реализира, укажува Персида Отовиќ Стојановска, мајка на ученик во петто одделение.

Детали читајте на Фактор тука.