Џесика Алба отсече 30 цм коса и сега има супер кратка фризура: Промената е драстична и изгледа барем 10 години помладо

Џесика Алба со години ја пушташе свилената, густа, долга коса, а по неа беше и препознатлива... Затоа сите се изненадени од промената на имиџот на убавата актерка! Имено, таа пред неколку дена ја покажа новата фризура - практичен и модерен боб.

На оваа промена ја поттикнала нејзината стилистка Бритни Рајан, која со години соработува со ѕвезди како Парис Хилтон, а познатата убавица се „ослободила“ од најмалку 30 сантиметри коса. Драстичен потег, нели?


Актерката реши својата сега кратка коса да ја носи во нежни, опуштени бранови, а кога е бојата во прашање, остана доследна на бојата на чоколадата. И самата е задоволна од промената, барем така изгледа на Инстаграм каде се пофали со видеото, но и со фотографии..

Инаку, боб дефинитивно повторно е фризура на годината, а Алба е само една во низата холивудски ѕвезди кои решија да се потстрижат така!
Одлично ѝ стои, а мораме да забележиме дека дефинитивно ја подмлади, што е една од карактеристиките на боб фризурата. Покрај тоа, лесно се одржува и стилизира, а заштедува и време, а истовремено изгледа многу шик.

извор:zena.blic.rs