Џенифер Лопез тврди дека никогаш не ставила ботокс: Изгледа негувано и младешки, а ова е тајната на нејзиното затегнато лице

Џенифер Лопез изгледа негувано и младешко и без трошка шминка, а која е тајната?

Кога во јавноста се појавува познатата пејачка Џенифер Лопез (53), таа е секогаш нашминкана и добро облечена. Сепак, Џеј Ло не се плаши да го покаже својот природен изглед. На крајот на краиштата, нејзината младешка кожа е нешто со што може и треба да се гордее.

Џенифер на почетокот на минатата година изјави дека никогаш не користела ботокс или филери и дека ѝ е жал што ја нарекуваат „лажга“.

„Ова го кажав веќе 500 милиони пати... Никогаш не сум правела ботокс, ниту инјекции или пластични операции“, напиша еднаш на Инстаграм, а потоа во интервју за „People“ поопширно проговори на оваа тема:

„Не осудувам никого. Ако сакате да ставите ботокс, тоа е во ред. Но, не сакам луѓето да ме обвинуваат дека правам работи што не ги правам. Ве молам, не ми кажувајте дека сум лажга. Не морам да лажам за ништо. Ако имав направено нешто би рекла: „Да, во право сте“, но тоа едноставно не е вистина“, рече Џенифер.

Пејачката и актерка неколку пати на својот Инстаграм објави видео и покажа како изгледа нејзината утринска рутина, а во таа прилика имавме можност да ја видиме без грам шминка.


Латино дивата не крие дека е заљубена и дека никогаш не била посреќна, но освен тоа, тајната на нејзиниот добар изглед лежи во тоа што е многу посветена на грижата.

„Крема со заштитен фактор е навистина важна и тоа е една од моите тајни за убавина од моите тинејџерски години и раните 20-ти. Мајка ми ми ставаше кога бев бебе за да ја заштити мојата кожа од сонцето, а јас продолжив да ја практикувам и кога пораснав и тоа е клучот за успехот. Секојдневната заштита од сонце, дури и кога надвор не е сончево, направи огромна разлика на мојата кожа, намалувајќи го оштетувањето од сонцето“, објасни 53-годишната ѕвезда.

Џенифер ја завршува рутината за нега на кожата со нанесување на мала количина крем за очи за да обезбеди дополнителна хидратација.

Инаку, пејачката често истакнува дека убавината доаѓа одвнатре и дека покрај задолжителната нега, многу е важно да работите на себе и да имате позитивни мисли.

„Веднаш до тушот имам мала кутија со афирмативни картички. Ова е онаа што ја извлеков денес: „Одлучете да останете среќни, без разлика на се. Дајте си ветување на себе. Јас ќе бидам среќен. Во мене лежи мојот успех и мојата среќа. Прво нахранете го вашиот ум“, изјави еднаш Лопез.

извор:stil.kurir

Ѕирнете во вилата од 20 милиони во која живеат Џенифер Лопез и Бен Афлек: Гламур и сјај што кај нас не го гледате (ФОТО)

Се заљубивме во маникирот на Џеј Ло: Нијансата „Rich Girl“ е врвен тренд оваа зима и изгледа толку префинето и луксузно (ФОТО)