Доза позитивни мисли: Ќе ве мотивираат за работа после овој продолжен викенд

Се опуштивте за време на велигденските празници и не сакате веднаш да се вратите на работа? Имате потреба од итна доза мотивација! Обезбедете си ја со овие инспиративни цитати:

„Сакате да знаете кој сте? Не прашувајте. Постапете! Дејствието ќе ве претстави и дефинира.“  Томас Џеферсон

„Ништо на овој свет не е целосно погрешно. Дури запрениот часовник го покажува часот правилно два пати на ден.“ Паоло Коељо

„Прифати ја реалноста таква каква што е. Не каква била или каква ти сакаш да биде.“ Џек Велч

 „Талентот е одлично нешто, но тој нема да се пренесе на човек кој се откажува.“ Стивен Кинг

„Љубопитноста е моторот на постигнувањата.“ Кен Робинсон

 „Успешните луѓе секогаш се во потрага по можност да им помогнат на другите. Неуспешните луѓе секогаш прво прашуваат: „ А јас што ќе добијам од тоа?“ Брајан Трејси

„Инспирацијата постои, но треба да ја најдеш работејќи.“ Пабло Пикасо

„Отфрлањето е предизвик.“ Веронука Порсел

„Тешкотија е оправдувањето што историјата никогаш не го прифаќа.“Едвард Мороу

„Професионалец е оној кој ја извршува најдобро работата, додека чувствува дека најмалку му се работи“ Френк Лојд Рајт

„Парите се само идеја.“Роберт Kиосаки

„Мојата животна филозофија беше дека тешкотиите исчезнуваат кога се пречекани смело.“ Исак Асимов

„Никогаш нема да го преминеш океанот, додека не се осмелиш да го изгубиш брегот од очи“ Кристофер Колумбо

„Или ти управуваш со денот, или денот управува со тебе.“ Џим Рон

„Тоа што го правиш, зборува толку силно што не можам да слушнам што кажуваш“ Ралф Валдо Емерсон