ДОДЕКА СЕ СУДИМЕ, ДЕЦАТА ЌЕ ПОЧНАТ ДА ОДАТ ВО ШКОЛО: Како ќе се решава проблемот со градинките, неизвесноста сѐ поголема

Огромен број родители на дечиња кои се запишани во градинките во Општина Карпош се засегнати од одлуката на Советот на општината, по што добиле известувања од градинките дека најдоцна до 10 јуни мора да ги отпишат нивните деца од градинките на подрачјето на општината, бидејќи со живеалиште не припаѓаат во тие реони. Во изјава за Фактор, претставничката на одреден број родители, Елена Сандевска, која по порофесија е адвокат, детално појасни дека нема правна основа за вакво нешто. Вели дека одлуката на Општина Карпош, единствено може да се однесува на деца кои допрва треба да се запишуваат во градинка.

-Одлуката на градоначалникот Стевчо Јакимовски е за поздравување, така треба да биде. Но, ова е долгогодишен проблем и практично треба сите општини истовремено да го решаваат. Конкретно, моето дете е на листа на чекање за упис во градинка во Општина Ѓорче Петров, уште додека имаше три месеци. Тоа барање не го повлеков никогаш, си стои. Но бидејќи немаше место, успеав да го запишам во градинката „Мајски Цвет„ на ул. Женевска во Општина Карпош. И ова е само еден случај. Сите се некаде на листа на чекање во својот реон. Но, одлуката која сега ја донесе Советот на општината нема правна издржаност, вели Сандевска.


Детали читајте на Фактор тука.