Денес се празнува Св. Маченичка Татјана: За среќа, успех и спасение на душата, почитувајте ги обичаите

Светата маченичка Татјана беше девица која својот живот го посвети на Бога.

Девица Татјана му служела дење и ноќе со пост и молитва, убивајќи го нејзиното тело и потчинувајќи се на духот.

Служеше во црквата и беше ракоположена за ѓакон.

Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал, во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татјана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. 

И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и убиени. Светата Татјана продолжија да ја мачат: ја биеја, ѝ отсекуваа месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта во затворот за утредента повторно да ја стават на маки. 

Но, Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татјана изутрината се јави пред мачителите наполно здрава. Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ наштети. Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум, дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила. Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги убија со меч. 

Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а со мажествен дух.

Молитва на овој ден:

Твојата овца Исус, Татјана, со силен глас вика: „Те сакам, Господе и те барам, страдам, распнав на крст и закопана во твоето крштевање. И јас страдам заради тебе, да царувам со тебе и Умирам за тебе, да живеам со тебе.

Прими ме како чиста жртва, со љубов жртвувана за Тебе. ”Преку нејзините молитви, како Милостив, спаси ги нашите души. Амин.

Извор: denovi.mk

Фото:screnshoot