Денес е Благовец: Ден кога жените треба да ѝ се молат на Богородица и зошто се посебни оние кои слават именден

Денес е празникот Благовештение - Благовец, кој секогаш се паѓа на истиот датум, на 7 април според новиот календар, а според стариот на 25 март.

Меѓу народот, овој празник е познат и како Благоец или Блошчојне. Се смета за тежок празник, затоа што според адетите, на овој ден не треба ништо да се работи. Најинтересен и најнеобилчен адет кој во некои села уште се применува е тој дека жените, на овој ден не треба да се чешлаат. 

Исто така се верува дека оние кои сакаат да имаат деца треба да појдат во црквите и во манастирите, и да се помолат на иконите посветени на Благовештение и да се помолат. 

Некаде, Благовец се смета за голем празник, еднакво голем како Велигден. Затоа постои изреката: „Благовец, прв ден Велигден“. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца токму на овој ден им ги дупат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. 

Денеска честитајте именден на сите што го носат името: Благоја, Благојка, Блаже, Благица, Баже, Блага. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Евангелистите раскажуваат дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека „Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануел", возбудена помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. 

Значењето на името Благој се поврзува со Благовештение, што соодветствува на грчкото име Евангело, а значи пријатен и благословен. Затоа, луѓето кои се викаат: Благој, Благуна, Благица се сметаат за посебни. 


Фото: денови.мк/unplash

Извор: денови