„Да ни е жив, здрав, секогаш насмеан и распеан“: Дац полни 61 година

Актерот Драган Спасов Дац днес слави роденден. Дац полни 61 година.

На фејсбук страницата Дац и Александар објавена е фотографија на која Дац е со торта во рацете и балони.

„Денес му е роденден на Дац и полни 61. Да ни е жив, здрав, секогаш насмеан и распеан“, стои во објавата.


Актерот пред две години токму на неговиот 59-ти роденден направи и мини венчавка со неговата сопруга Весна. Во еден скопски клуб повикаа и матичар и направија журка за паметење.

Фото: Фејсбук