Човек учи додека е жив, а тоа е посебно надоградување кога е наменето пред сѐ за децата: Д-р Софијанова ќе стекнува искуство од две реномирани клиники

Пожртвувана, посветена, секогаш била, тука е и ќе продолжи да помага таму каде што треба.

Единствената  Д-р Аспазија Софијанова отсекогаш била човек кој она што го прави го прави со љубов, но и максимална професионалност.

Врвен педијатар и одличен дијагностичар со чии совети и помош оздравеа многу деца.


Д-р. Софијанова е активен истражувач со посебен интерес во областа на детската интезивна нега и терапија, и неонатологија.

Богатото работно искуство кое брои безмалку 40-тина години не ја запира да продолжи да се надградува, усовршува, да учи надовор од државата и после наученото да го применува овде, да им помага на оние на кои им е потребно.


Деновиве кои ни претстојат Д-р Аспазија ќе патува во Турција во Cerrahpasa Medical Faculty Hospital и во тој тринеделен престој таму на педијатриска и фетална неврохирургија ќе види како таму се решаваат предизвиците кои се многу важни и ги вадат корените за развојниот дел на аутизмот, а потоа во месец мај и во Лондон во Great Ormond Street Hospital Children's Charity која е една од трите најголеми и најреномирани детски болници во светот каде како визитор активно ќе учествува и коментира во областа на педијатриската неврохирургија.



Во тие две големи клиники, Софијанова ќе го надградува учењето, ќе види каква е системската организација и поставеност на клиниките, ќе го освежува знаењето и на крај овде кај нас ќе го применува.


Како што вели, на еден начин ќе види што прави светот за да таа кога се врати биде спремна да помогне во областите на ретки болести, кога долго време се лута и бара излезе за одреден проблем, или проблематика таа со директно видување ќе може да понуди решение и да помогне во одреден случај кој знае да биде и комплициран, како што направила многупати со многубројни сведочења.

Д-р Софијанова и се заблагодари на клиниката и целиот тим за овозможените можности кои допрва ќе замине да ги открие.


Како дама кај која доминира емоцијата поврзана со големата љубов кон децата и желбата да се помогне и можноста, способноста да се даде таа помош, не се ни сомневаме дека Д-р Аспазија ќе се врати со богато стекнато знаење кое ќе го насочи во еден правец.

Никогаш во животот не е доцна за учење, а кога тоа е наменето за најмалите, тогаш тоа е посебна приказна, за која докторката ќе ни раскаже кога ќе се врати.


И.С.