Антонија Гиговска: Никогаш не сум била во козметички салон

„ Искрено денот го поминувам со нула шминка“, вели за своите ритуали за убавина пејачката Антониjа Gиговска. „Сакам кога сум комплетно природна, па затоа немам некој козметички ритуал, освен миење на лицето“, ни раскажа младата пејачка која важи за еден од нашите најдобри женски вокали. 

„ Освен што го мијам лицето, користев и скроб од какао и кафе, па тоа ми помогна да го измазнам“, додава Антонија. 

На прашањето, дали оди во козметички салони, таа вели: Не,никогаш до сега.