5 задолжителни парчиња без кои Французинките не одат на одмор: Погрижете се да ги ставите на списокот

Тајната на добро облечените Французинки ова лето лежи и во едноставноста и добрата комбинација на основни парчиња

Изборот на гардероба за летни одмори и патувања до омилените дестинации е еден вид предизвик бидејќи добрата летна гардероба бара да направите избор на основна и тренди облека потребна за различни пригоди: од комбинации за одење на плажа или за уживање покрај базен, па до секојдневните прошетки покрај брегот и вечерните излегувања.

И ова лето на помош доаѓаат Французинките кои не одат на одмор без овие 5 основни парчиња.

1. Фустан со преклоп

View this post on Instagram

A post shared by Marissa Cox (@ruerodier)


Овој модел на фустан е совршено корисен во летните денови: лесен е и практичен, а во зависност од потребите и принтот лесно се стилизира - за дневни верзии изберете чанта за плажа со рамни еспадрили, додека за вечерта можете да се одлучите за монохроматски фустан кој ќе го комбинирате со сандали со тенки ременчиња.

2. Плетени чанти

View this post on Instagram

A post shared by (@personalised_vacation)


Плетените чанти изгледаат како врвен додаток кој никогаш нема да излезе од мода. Очигледно е дека безвременската привлечност на овој моден детаљ го става на листата на парчиња во кои вреди да се инвестира. Може и да си ја пробате среќата и да добиете една таква уникатна чанта на нашиот активен giveaway.

3. Шешир

View this post on Instagram

A post shared by Marissa Cox (@ruerodier)


Французинките се познати по тоа што одлично се грижат за својата кожа, а освен висок заштитен фактор, нема подобар начин да го заштитите лицето од УВ зраците со тренди шешир. Французинките велат - изберете модел со широк обод за да ги заштитите рамената, вратот и деколтето. Плетен шешир исто така може да добиете на нашиот giveaway на Инстаграм.

4. Мал црн фустан

View this post on Instagram

A post shared by Marissa Cox (@ruerodier)


Иако црната боја обично не е првиот избор за летни комбинации, црниот фустан е „très“ шик парче благодарение на кое секогаш ќе бидете подготвени за вечерно излегување. Секако, препорачливо е да изберете полесни модели од памук или лен, кои одлично ќе одговараат и со високи потпетици.

5. Еспадрили

View this post on Instagram

A post shared by Marissa Cox (@ruerodier)


Без разлика дали зборуваме за еспадрилите на Шанел (кои со години се едни од најбараните летни модели на чевли) или еспадрилите на платформа кои се врзуваат околу глуждот, овие чевли се апсолутно задолжително парче за Французинките. Одлично се комбинираат со секоја облека, а популарни се и поради нивната удобност.

Извор: elle.rs