5 неверојатни работи кои се случуваат кога ќе престанете да се шминкате: На жените им се случува важна промена

Истражувањето на компанијата „Кенабо“, која се занимава со производство на козметика, во соработка со сајтот „Брајтсајд“, објави што се случува со лицето кога шминката се остава на подолго време.

Како што се истакнува во истражувањето, жените кои престанале да се шминкаат подолго време забележале дека нивното лице се менува, но и дека се чувствуваат поинаку.

Веќе не сте странец во огледалото 

Истражувањето покажало дека кога жените ќе престанат да се шминкаат, веќе немаат впечаток дека гледаат странец во огледалото. Имено, со редовна шминка, жените гледаат една личност во огледалото, а кога ќе ја симнат шминката друга.


Кожата е поотпорна

Некои производи за шминка ја сушат кожата и долгорочно ја оштетуваат. На лице без шминка му треба само заштитен фактор од УВ зрачење.

Помлад изглед

Една студија покажа дека кога средовечните жени престанале да се шминкаат, изгледале помлади. Истражувањето посочува и дека помладите девојки со посилна шминка изгледаат постаро. Со оглед на тоа дека шминката е поврзана со растењето, жените кои се шминкаат се чувствуваат постари.

Природниот изглед ве прави попријателски во очите на другите луѓе

Ненси Ектоф, професорка на Харвард, тврди дека лицето без шминка изгледа попристапно и попријателско. Драматичната шминка, според неа, создава ѕид и прави личноста да изгледа недостапна.


Кожата е поздрава и полесна за одржување

За минимална употреба на шминка не се потребни многу третмани за лице. Доволно е редовно миење и хидратантна крема. Кога шминката е потешка, потребна е многу повеќе подготовка за да се опорави кожата.