Од омилен актер до ПРЕДАТОР: Крис Нот го следат застрашувачки обвинувања, а овој детал ги интригира сите

Крис Нот, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба од страна на четири жени, беше забележан деновиве во Лос Анџелес. Најинтригантниот детал на папарацо фотографијата е накитот на неговата рака. Актерот не ја симнува бурмата и покрај тоа што неговата сопруга Тара Вилсон е фотографирана без бурма.

Фотографите го сретнаа Крис Нот додека одеше до продавница за здрава храна во Лос Анџелес. Успеале да забележат „спорен“ прстен на неговата рака, од кој тој, барем засега, не сака да се откаже, пишува „Дејли мејл“.

На почетокот на овој месец, Тара Вилсон, која е во брак со Нота од 2012 година, беше забележана во Калифорнија во друштво на нивните синови Кристофер Орион и Китс, но и придружувана од моќниот адвокат од Ворнер Брос.

Како што напиша британски „Сан“, Тара Вилсон е (очекувано) многу вознемирена поради обвинувањата против нејзиниот законски сопруг. Останува да видиме какви последици ќе имааат овие обвинувања врз нивниот брак. И кариерата на актерот е под големо прашање.

За потсетување, во една статија објавена во „Холивуд репортер“ во декември 2021 година, две жени под псевдонимите Зои (40) и Лили (31) изјавија дека Крис Нот ги силувал во 2004 и 2015 година.

Еден насилен чин се случил во неговиот стан во Лос Анџелес, додека друг се случил на имотот на актерот во Њујорк, откако Нот ги поканил Зои и Лили да дојдат кај него.

Трета жртва под псевдонимот Ава изјавила дека актерот ја нападнал кога имала 18 години. Следеше обвинението на четвртата девојка, која го запозна Нот во 1998 година, а нападот според неа се случил четири години по нивната прва средба.

Како што рекла Лиза, актерот една вечер ја возел дома и прашал дали може да го види нејзиниот стан. Откако влегол во нејзиниот дом, тој се нафрлил врз неа и насилно ја бакнал и допирал.

"Ми беше непријатно. Стануваше се поагресивен", изјави кантавторката и додаде дека таа се обидела да го оттурне, што го налутило "крајно, па почна да вреска и да ме нарекува провокатор и кучка".

Следното утро и се јавил и и се заканил дека ќе и ја уништи кариерата ако некому каже за настаните од претходната ноќ.

„Премногу се плашев да кажам било што, бидејќи тој е моќен“, рече таа.

Секако, тоа не беше доволна причина да се запрат настаните што следеа: тој беше исфрлен од последната епизода од продолжението на серијата „Сексот и градот“ - „И само така“, американската компанија „Пелатон „ симна реклама во која се појавува актерот, неговата колешка Зои Листер Џонс на социјалните мрежи го нарече „сексуален предатор“.

Ѕвездите на „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис исто така ги коментираа обвинувањата: 

„Тажни сме поради наводните обвинувања против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се огласија и споделија болно искуство. Свесни сме дека беше многу тешко да се зборува и ние сме им благодарни за тоа“.

Извор: Жена блиц

Фото: Профимедиа и Инстаграм