Луксузна прослава од 2 дена: Сите детали за бајковитата венчавка на поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ се разведе од сопругот Мустафа Сандал, а тој наскоро повторно ќе застане на „лудиот камен“

Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, за неколку недели ќе го каже судбоносното „ДА“ на 19 години помладата Мелис Сутшуруп.

Популарниот турски пејач прво ќе се венча во Рим на 3-ти јуни, а луксузната прослава ќе биде на 10-ти јуни во Мармарис во ексклузивен хотел.

Интересно е што младенците поканите ги поделиле во видео формат, а во еден дел од видеото Мустафа ѝ пее на својата идна сопруга.

Луксузната прослава ќе трае два дена и е планирана за 80 лица, а сите трошоци за превоз и сместување на гостите ќе ги сноси Сандал.

View this post on Instagram

A post shared by (@melisutsurup)


Да потсетиме, Мустафа и Мелис беа во врска три години, а се верија во февруари годинава. Од бракот со Емина Јаховиќ, тој има два сина Јаман и Јавуз. Овој поранешен брачен пар беше на суд бидејќи Емина го тужеше Мустафа за неплаќање алиментација, но судот утврди дека тоа не е вистина.

Емина во една прилика кусо прокоментира колку ѝ бил тежок разводот и дека не сака да коментира, а најтешко ѝ е што во сето тоа има деца кои не може да ги заштити од медиумите.


Извор: glossy.espreso.co.rs