Ќерката на Брижит Макрон проговори за врската која сè уште го шокира светот: „Мамо, во нашиот клас има глупаво момче кое мисли дека знае сè“

Ќерката на Брижит Макрон, Тифани Озиер, за прв пат јавно проговори за романсата меѓу нејзината мајка и францускиот претседател Емануел Макрон.

Во новиот документарен филм „Брижит Макрон: Француски роман“, најмладата ќерка на Брижит, Тифани (34) го опишува времето кога нејзината мајка се заљубила во студентот Емануел.

Брижит го запознала актуелниот француски претседател кога предавала во средното училиште што тој го посетувал во северна Франција. Двојката се венча во 2007 година, една година откако таа се разведе од банкарот Андре-Луис Озиер.

„Тие беа прилично заљубени и беше сосема очигледно што се случува меѓу нив“, изјави Тифани за „The Times“. 

Тифани имала девет години кога започнала љубовната врска на нејзината мајка со тинејџерот Емануел. Таа првпат слушнала за врската кога нејзината сестра, која била во исто одделение со Макрон, се вратила од училиште и рекла: „Мамо, во нашиот клас има едно глупаво момче кое мисли дека знае сè“.

Документарецот го истакнува и моментот кога Макрон ѝ изјавил љубов на Брижит, кога имал 16 години. 

Според филмот, неговите родители ја замолиле Брижит да престане да се гледа со него додека не‘ наполни 18 години, но таа одговорила: „Не можам ништо да ветам“.

Обраќајќи им се на нивната постојана лојалност, Тифани рече: „Ако треба да дадам визија за љубовта, тоа се Емануел и мама. Кога се заедно, речиси како светот да не постои за нив“.

Таа додаде дека децата „најмалку страдале“ кога нивните родители се развеле.

Иако првата дама не беше интервјуирана во филмот, во минатото зборуваше за бракот со Макрон.

Зборувајќи за разликите во годините во нејзината врска, таа за Ел Франс изјави: „Постојат моменти во вашиот живот кога треба да донесувате витални одлуки. Се разбира, појадуваме заедно, јас и моите брчки, тој со младоста, но така е. Да не ја донесев таа одлука, ќе ми недостигаше животот“. 

Да потсетиме, таткото на францускиот претседател, Жан-Мајкл Макрон даде интервју за француски „Л'Алзас“ во кое, меѓу другото, се осврна и на врската на неговиот син со сопругата и ги демантираше гласините дека бил принуден да го промени училиштето.

„Ова се приказни за мали деца. Од почетокот беше договорено Емануел последната година од школувањето да ја помине во Париз, во училиштето „Лајс Анри-IV“, за да му олесни да се запише на факултет. Не сакам ни да ја спомнам новинарката, таа напиша сè погрешно “, рече тој. Изјавата се однесува на новинарката Ен Фулди, која напиша книга за Емануел Макрон.

„Кога си маж, знаеш дека 17-годишник ќе прави што сака. Од него зависи, тоа е неговиот живот", рекол Жан-Мајкл.

Тој истакна дека слободата е важна вредност за него и дека „Емануел покажа дека е слободен“. 

„Можеби беше рано, но подоцна се покажа дека има нешто реално“, додаде тој.

На мајката на францускиот претседател, Франсоа Ногес, наводно ѝ било потешко да ја прифати оваа врска, но авторката Гаел Чакалоф во својата книга вели дека врската со Брижит ја опишала како пријателска.

„Немам друга другарка таква, имаме исти интереси, исти приоритети, си кажуваме се‘“, вели авторката Франсоаз, а пренесува gala.fr.

Таа призна дека ѝ било тешко да ја прифати снаата поради разликата во години, но истакна дека е во добри односи со парот и дека промената на училиштето нема врска со Брижит.

„Моравме да најдеме место каде што ќе може брзо да напредува, а планот беше да одиме во Париз, тоа немаше никаква врска со Брижит“, рече таа.


Фото: Профимедиа