,

Такси до било која локација е 100 ден, а оброк во најскап ресторан е 200 ден: Ивана Стаменковска за своето патување во Индија

Ивана Стаменковска, позната во јавноста како јога инструкторка, инфлуенсерка но и ветеринарка пред извесно време се врати во Скопје од најшарената земја во светот Индија каде престојуваше цел месец. Индија е земја со најразновидни етнички, религиозни и културни разлики, таа е седма по големина земја во светот, која има и над 1.500.000.000 жители.

Оваа магична држава е позната по опојните зачини, јаките бои, по големата класна разлика меѓу народот, исто така е позната и како земја во која владее „совршен“ хаос во сообраќајот, а се верува и дека е една од најстарите цивилизации во светот.

Визата за посета на оваа далечна земја Ивана ја добила за два дена, а патот до таму ја чинел малку повеќе од 1.000 евра, додека јадењето, шетањето и трошоците таму биле многу евтини.

Стаменковска се сретнала со многу индиски традиции, а една од нив е и јадењето со раце, во кое таа вели дека не успеала да се пронајде, а како една од најнегативните работи кои ги памети од нејзиниот престој таму е преголемата бучава.

За Индија, патувањето, јога часовите, Индијците како народ, традициите, искуството прочитајте повеќе во редовите подолу:

* Зошто токму Индија?

- Можеби една од најголемите желби и цели за еден јога учител е да ја посети Индија бидејќи таму се корените на јогата. Всушност, местото каде бевме е познато како место каде прв пат се шири и практикува Аштанга јогата.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Stamenkovska (@istamenkovska)


* Тешко ли се добива виза за Индија, т.е кои документи се потребни за да може да ја посетите оваа земја? И дали примавте вакцини плус?

- Мене ми беше интересно што при апликација за визата, првата опција како причина поради која одиш е наведено јога училиште. Визата за посета на јога училиште е во рок од 30 дена. Аплициравме онлајн и за 2 дена ја добивме. Вакцини не примивме бидејќи бевме во дел кој е релативно безбеден но затоа уредно пиевме таблети против маларија. 

* Колку ве чинеше патот до таму? Колку време патувавте и како? Скапо ли е таму? Колку ве чинеше сместувањето, дневно колку одвојувавте за храна и шетање?

- Единственото нешто кое е скапо е превозот до таму, се’ друго е толку многу евтино што не можам со зборови да објаснам (се смее). Такси до било која локација е 100 ден, а оброк во најскап ресторан е 200 ден. Сменивме 3 авиони, а потоа се возевме со такси уште 4 часа. Картата не’ чинеше малку повеќе од 1.000 евра. 

* Каде се сместивте, кој ве пречека?

- Главната посетата на Mysore беше поради дополнително учење и сертифицирање за јога учител. Цената која ја плативме беше за целокупниот престој таму - храна, часови.. Шетавме за викенди бидејќи по цели денови имавме предавања со различни учители и вежбање.

Сместувањето ни беше во самото училиште за јога. Салата ни беше најгоре на самата зграда па имавме многу убав поглед на градот. Не не’ пречека никој, сами си го организиравме транспортот од аеродромот до сместувањето. А таму веќе не’ чекаа луѓе.

За дома си купив многу нивни зачини па сега кујната ми мириса на Индија! 

* На Инстаграм споделувавте интересни места како храмови, плоштади, локални улички... што ви остави најголем впечаток?

- Се’ ми остави впечаток, се’! Од храмови па се’ до самите луѓе. Се чувствував како да сум на друга планета. Сосема поинакви луѓе се, со милион верувања и традиции. Научив дека во Индија има над 100 јазици па дури Индијците кои беа со мене зборуваа англиски бидејќи не се разбираа едни со други!

* Индијците јадат со рака, дали јадевте и вие со рака и што ви беше највкусно, споделете со нас и читателите неколку индиски јадања кои ќе ги паметите засекогаш, а можеби и некое веќе го потготвувате дома?

- Јас сум човек кој живее за нови искуства. Пробав да јадам со раце ама не се пронајдов. Научив дека се’ можат да јадат со прибор но оризот мора да биде со раце. Правило е. Суштината е дека само на тој начин јадењето е со намера. Мене генерално се’ ми беше вкусно. Воглавно готват ориз со многу зачини и зеленчуци. За дома си купив многу нивни зачини па сега кујната ми мириса на Индија! 

* Велат дека Индија е нечиста земја, дека е валкана со премногу луѓе и е бучна? Колку има вистина во ова?

- Се’ е вистина! (се смее) и покрај тоа што бев во град кој се вројува во 10-те најчисти градови во Индија!

Ако сте гадливи бар малку, моја препорака е да си одберете друга дестинација. Гласно е премногу и нема шанса да бидете сами било каде надвор. Ова беше единствено нешто кое ми пречеше. Затварав прозорци и ставав слушалки со цел да успеам малку да поспијам. 

* Збор два за тоа што го научивте за јогата таму, кое ќе ви помогне за ваше лично доградување, но и за она кое ќе можете да го пренесете на вашите јога вежбачи?

- Главната цел ни беше да добиеме едно ново искуство и да се доградиме во нашата работа. Она што го искусив таму се одрази многу позитивно врз мене и дефинитивно би одела повторно за јога. Убаво е да учиш од професионалци и луѓе кои го посветиле животот на јогата. Промената во моите часови е очигледна па сега уште повеќе ми ги сакаат часовите! А јас сум пресреќна!


Наталија Миланова