Сузана Гавазова провокативна на концерт во Швајцарија: Пејачката настапи со познатата српска ѕвезда

Фолк-пејачката Сузана Гавазова објави фотографија со нејзината омилена пејачка Драгана Мирковиќ, со која настапи заедно во Берн, Швајцарија.

„Со мојата најомилена Драгана Мирковиќ“, напиша на фотографијата Гавазова.

Гавазова имаше настап со својот бенд во овој град пред преполна сала, а за концертот таа промени два изгледи.

Пејачката за настапот во Швајцарија одбра два фустани со реси, едниот во сребрена боја, а другиот црн со висок шлиц.

Фото: Инстаграм/ Јоце Николовски