Стил на денот: 5 парчиња за забава што може да ги носиме и за дневни прилики

Можеме да носиме облека за излегување и за секојдневни прилики. Еве како!

И во наредната година одржливоста ќе биде меѓу водечките трендови, а најодржлива е токму облеката што веќе ја поседуваме. Иако се чини дека парчињата за забава со светки, кристали или пердуви, во светли или металик бои се многу краткотрајни, можеме да ги носиме во текот на целата година - и тоа не само за вечерни излегувања. Ова го покажуваат модните инфлуенсери и познатите ѕвезди како Кејт Мос која со децении не ги соблекува кадифените блејзери и ги носи во најразлични комбинации, од фармерки до фустани.

Еве неколку идеи како да носите парчиња за забава во лежерни, секојдневни прилики за кои не е потребно премногу дотерување.

Плетено парче 

View this post on Instagram

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek)


Долгите здолништа од свила или волна ќе изгледаат совршено во секојдневниот стајлинг со рамни чевли и густа трикотажа. Додадете им златни ланчиња и ќе имате вистинска елегантна комбинација.

Фармерки


Нема ништо што не изгледа добро со вистинскиот пар фармерки: плишана јакна или блејзер украсени со пердуви, маица со отворен грб и чанта за забава... Сепак, рецептот за лежерен изглед не е да претерате.

Сјајни чевли


„All black everything'“ секогаш изгледа елегантно, особено со сјајни чевли. Ќе ја смири облеката, ќе ѝ даде пригушен тон наспроти вечерниот, екстравагантен. Запомнете дека ако имате едно впечатливо парче, сè друго треба да биде многу минималистичко.

Блејзер


Софистициран и едноставен, блејзер во впечатливи нијанси ќе ја разигра секоја модна комбинација и ќе ве направи посебни. Зелената, бордо или дури и портокаловата ќе бидат идеални за да го постигнете овој ефект, а како што споменавме погоре, некои други парчиња нека бидат многу едноставни.

Фустан/комбинезон

View this post on Instagram

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek)


Како да носите фустани за секојдневно излегување? Со носење кошула, ролка или фармерки одоздола. Слоевитото облекување е „ИН“, особено во зима. Заменете ги штиклите со мокасини и спремни сте за деловен состанок!

Извор: elle.rs