Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Чест ни е што можеме да објавиме дека Силк Роуд банка е добитник на признание од Visa како прва банка во Македонија што на пазарот ја промовираше Visa Platinum Business кредитната картичка за правни лица.

Visa Platinum Business е премиум кредитна картичка наменета за платежни трансакции во земјата и во странство, која обезбедува ексклузивни привилегии и услуги, пристап до програма за осигурување, пристап до деловни салони, решение за управување и контрола на трошоците, како и специјални попусти и понуди.

Единствената картичка на пазарот нуди кредитен лимит до 3.000.000 денари, бескаматен период до 40 дена, минимална месечна отплата од само 10% и конкурентни каматни стапки почнувајќи од 6%.

Visa Platinum Business кредитната картичка за правни лица ќе ви овозможи да организирате и раководите со вашиот бизнис на едноставен и сигурен начин користејќи ги и дополнителните бенефиции, вградени услуги и привилегии меѓу кои: Visa Бизнис консиерж,достапна 24/7, 365 дена, патничко осигурување и осигурување за откажување од корпоративна одговорност, поврат на готовина за хотелски резервации,  глобални услуги за помош на клиенти и други попусти и низа специјални понуди.  

Повеќе информации за картичката клиентите можат да добијат на официјалната веб-страница или во најблиската експозитура на Банката.

Во Силк Роуд банка, посветени сме да им помогнеме на бизнисите да напредуваат, а ова признание од Visa ја потврдува нашата мисија и ни дава поттик да продолжиме со напорна работа и во иднина. Им благодариме на сите наши клиенти за довербата и поддршката.

ПР објава