Прва фотографија од крштевката на синот на Марија Шерифовиќ: Кумот го држи во раце, а малиот топи срца

Неделата беше голем ден за сите во семејството Шерифовиќ, а сега за прв пат имаме можност да видиме како изгледа малиот Марио, синот на Марија Шерифовиќ

Таа и нејзиното семејство го прославија празникот Свети Василиј Острошки и многу симболично на тој ден одлучи нејзиниот син да стане, како што напиша, „Божје чедо“.

Сега Марија реши со своите следбеници на социјалните мрежи да ги сподели деталите од овој прекрасен настан. Таа покажа дел од атмосферата од црквата Свети великомаченик Димитриј во Нов Белград, каде се одржа крштевката.

На фотографијата за прв пат можевме да видиме како изгледа Марио, како и кумот на кој сигурно не му било лесно. Силно го држеше малото во раце додека тоа играше и го фати попот за рака.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Оваа сцена кај многумина предизвика лавина од најубавите емоции, па коментарите и честитките само продолжија да се редат. На церемонијата не присуствуваа голем број луѓе, туку само најважните, кои се најголеми поддржувачи на пејачката и нејзиниот син.

- Вчера го прославивме Василиј Острошки, тогаш мојот прв американски ден на мајката, но и крштевката на мојот мал синоок, мек памучен принц. Ти стана Божјо чедо и Господ и Свети Василиј да те чуваат од секакво зло, а јас од тага и луѓе - напиша Марија во описот на фотографијата.

Извор: glossy.rs