Преживеала пекол како дете: Ја прашале внуката на кралицата Елизабета, зошто не ја скрила огромната лузна на свадбата, а нејзиниот одговор ги засрамил сите


Свадбата на внуката на кралицата Елизабета Втора во 2018 година во Виндзор беше запаметена и по големата лузна на грбот на Принцезата Евгенија. Тој белег не го покри со венчаница, па затоа многумина со чудење ја прашаа зошто не го направила тоа. Со таа одлука сакала да испрати важна порака, поради што и неколку години по свечената церемонија добива голема поддршка. Принцезата Евгенија се омажи за Џек Брускбанк, со кој има две деца.

Иаку таа носеше венчаница дизајнирана од Питер Пилото и Кристофер де Вос. Станува збор за модел со голем V-врат на предната и задната страна. Фустанот е создаден по нејзина желба и вкус и со намера да ја покаже лузната.

„Отсекогаш сакав со отворен грб, дел од таквата одлука беше да ја покажам мојата лузна, и верувам дека лузните раскажуваат приказна за твоето минато и иднина и тоа е начин да се ослободам од табуата. За мене тоа е начин да комуницирам со луѓето кои минуваат низ слични ситуации со сколиоза или имаат своја лузна со која се обидуваат да се справат. Почнав да добивам многу писма од луѓе кои беа среќни што ја покажав мојата лузна, луѓе со сколиоза и писма од девојки кои минуваат низ истото, и дефинитивно бев многу трогната од поддршката на сите“, изјави таа по венчавката, пишува okfordmail.co.uk.

Внуката на британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип, на 12-годишна возраст беше подложена на операција за исправување на ’рбетот поради сколиоза.

Таа зборуваше за тоа 16 години подоцна, велејќи дека тоа било страшно за неа.

„За време на осумчасовна операција, хирурзите вметнаа титаниумски шипки во секоја страна од ’рбетот и завртки на почетокот на вратот. По три дена на интензивна нега, поминав уште една недела во болница и шест дена во инвалидска количка, но после тоа можев повторно да одам“, се вели во нејзината приказна на веб-страницата на Кралската национална ортопедска болница во Лондон.

Принцезата Евгенија, која го посетуваше колеџот Марлборо во Манчестер и дипломираше англиска литература и историја на уметност на Универзитетот Њукасл, во меѓувреме објави слика од лузната на Инстаграм за уште еднаш да ги поддржи оние кои се борат со сколиоза и други видови лузни.

Евгенија, која е член на британското кралско семејство, има „обична“ работа, работи како директорка во уметничката галерија Хаусер и Вирт во Лондон. Пред тоа била вработена во аукциската куќа Paddle8 во Њујорк. Таа е ќерка на Сара Фергусон и омразениот принц Ендру, познат по скандалите, има и сестра, принцезата Беатрис која воедно и е најдобра пријателка.

Фото:youtube