Посен протеински леб со киноа (РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ)

Ова е најдобриот леб за оние ои постат.

Совршен е за празнична гозба, а вашето семејство и гостите ќе го обожуваат.

Состојки:

-300 гр сурова киноа-4 лажици мелено ленено семе + 12 лажици вода

-1 лажичка сол

-1 лажичка прашок за пециво

-ким (опционално, но дава многу убава арома)

-семиња за посипување (по избор)


• Потопете ја киноата во вода 6-10 часа (или преку ноќ). После тоа, исплакнете и процедете, па смелете во блендер.

• Измешајте ги мелениот лен и водата и оставете да отстои околу 10 минути.

• Во сад измешајте ја мелената киноа, подготвениот лен, солта и прашокот за пециво, соединете ги сите состојки и истурете ја смесата во калап за леб обложен со хартија за печење, посипан со семки по желба и се пече на 180 степени 35-40 минути.

Дури и да не постите, задолжително пробајте го рецептот бидејќи ова е најздравиот леб што некогаш ќе го пробате, навистина.


Фото: фрипик

*Пр објава