ПОПУЛАРНИ ГРЧКИ И ТУРСКИ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ЌЕ БИДАТ ЗАФАТЕНИ ОД ТОПЛОТЕН БРАН - температури и до 45 степени

Маси топол воздух над северна Африка и централниот дел на Медитеранот се пробиваат кон исток, па од вторник до петок во Грција и Турција ќе предизвикаат пораст на температурите до 45 Целзиусови степени на некои места, пренесува во вторник ДПА.

Највисоки температури се очекуваат во среда и четврток, а за време на викендот треба да се намалат, прогнозира грчката метеоролошка служба.

Од вторник, училиштата во делови од земјата или ќе се затворат во 11.30 часот или ќе останат целосно затворени доколку локалните општини одлучат дека топлината е премногу висока.

За многубројните туристи кои моментално се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде персоналот дели бесплатна вода.

Целата вест прочитајте ја на Фактор.