Петар Грашо закажа трет концерт во Скопје: Со симфониски оркестар во „Филхармонија“

Концертите на Петар Грашо предизвикаа огромен интерес кај македонската публика како за никој досега, барањата за влезници сѐ уште не стивнуваат и токму поради тоа, закажан е и трет концерт во Скопје.

Петар Грашо ќе одржи трет ексклузивен концерт со симфониски оркестар во Скопје и тоа на 29 април во ,,Македонска филхармонија’’, откако се распродадоа двата концерти закажани на 26 и 27 април.

Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат. Подгответе се за неверојатни два часа свирење и пеење на најголемите хитови како што се ,,Ako te pitaju“, „Moje zlato“, „Utorak“, „Ko nam brani“, а освен неговите фантастични песни, со огромно задоволство ќе ги слушаме и песните Оливер Драгојевиќ. Сите оние кои останаа без влезница за првите два концерти, можат уште веднаш да си купат влезница за третиот. Истото можат да го направат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер. Бидете брзи!

Фото: Инстаграм