Најлуксузниот хотел во Анталија ги отвори вратите за Женски магазин: Ѕирнете каде уживал и Барак Обама

На сите неодлучни патници изборот за летен годишен одмор досега им беше вистинска мака, без разлика дали се работи за семеен или романтичен одмор за двајца.

А, за вашиот одмор да биде токму таков каков што треба - време кога не размислувате за обврски и собирате енергија за нови потфати, треба да бидете растеретени, посветени на себе и на луѓето што ги сакате.

Затоа, изборот на совршената дестинација, хотел и превоз препуштете го на експертите, а се што треба да направите е да уживате. Стручниот тим на агенцијата Фибула оваа сезона подготви разновиден асортиман на хотели од кои дел посети и екипата на Женски магазин .


Прв на листата е секако најлуксузниот од нив. Неслучајно ви го претставуваме прв хотелот Calista Luxury Resort .

Хотелот се наоѓа во Белек, 27 км од аеродромот во Анталија и 35 км од центарот на Анталија. Услугата е Ultra All inclusive, а токму овој хотел го угости и поранешниот американски претседател Барак Обама.

Кралскиот апартман во кој престојуваше Обама за време на неговиот престој во турскиот град Анталија по повод Самитот на Г20 во 2015 година.


Обама престојуваше во најлуксузниот апартман во Calista Luxury Resort во соба број 1415 од 240 метри квадратни каде престојувале и принцот Едвард, војводата од Единбург,  и многу други познати личности, чии имиња Мурат Суслу, маркетинг менаџер и менаџер за продажба во хотелот кој ни го претставуваше апартманот не смееше да ни ги открие.


Апартманот, кој изгледа скромно во однос на останатите луксузни вили во комплексот на овој хотел, се состои од две спални соби, две бањи, ходник, дневна соба, гостински тоалет, кујна, балкон, соблекувална и канцеларија.


Она што е посебно во овој кралски апартман е уникатниот и единствен поглед на Средоземното море.


Мурат Суслу кој ни раскажуваше за престојот на Обама во овој хотел сподели со нас неколку детали, а интересно е што за Барак готвеле неговите лични готвачи кои ги донел од Америка, на кои им помагал персоналот на Calista Luxury Resort само доколку тоа го побарале тие.


Обама како гостин немал посебни барања, го закупил целиот хотел додека престојувал во Турција, и други гости во тие неколку дена немале пристап. Во чест на Обама на рецепцијата на хотелот стои фотографија токму од него.


Услугата во хотелот е Ultra All inclusive - 24 часа храна и пијалоци - висок квалитет на услуга во сите ресторани, шведска маса, храна и сите пијалоци вклучени во услугата. Еднодневно бесплатно користење на À la Carte рестораните (Тимо, Турка, Сакура) за гости со мин. 7 ноќевања. Премиум виски, специјални алкохолни пијалаци, специјални локални и увозни вина, À la Carte ресторани, 24-часовна услуга во соба, ВИП ресторан, пиреа со доплата. Има посебен ВИП концепт за гости во претседателските и кралските апартмани и во вилите.





Ресорот има приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.


Calista Luxury Resort брои купно 598 соби во седум хотелски блока во кои се опфатени Супериор соби, Соби за лица со попреченост, Дуплекс  соби , Фамилијарни соби, Фамилијарни конектирани супериор апартмани , Корнер апартмани, Претседателски апартман , Кралски апартман.


Хотелскиот комплекс има и 14 вили.

Рестораните се отворени за сите гости – Bellum (главен ресторан), Sakura (азиска кујна), Timo (италијанска кујна), Turca (турска кујна),  Elegance ресторан– бесплатен за гостите од вилите. Ресторан покрај базенот, снек бар на плажа. Само за гостите во вили: VIP ресторан, експресно пријавување и одјавување во хотел, батлер, бизнис услуги, 24 ч услуга во соба, консиерж, перење и пеглање, секојдневно овошје, колачи, вино во соба. За гостите во VIP вили и за сите други гости со дополнителна доплата: доктор, чување деца, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола, количка за деца, рентање лап-топ, DVD плејер и филмови. Интернет конекцијата во цел хотел е бесплатна.


Неминовна е забавата и спортот.

Во Calista Luxury Resort имате отворен и затворен базен за деца и возрасни, полуолимписки базен, аквапарк, турска бања, сауна, парна бања, соба со снег, џакузи, тениски игралишта, фитнес центар, одбојка, кошарка, одбојка на плажа. Масажи, салон за убавина, SPA центар, нега на кожа, спортови на вода, часови по тенис, осветлување за тениските игралишта, куглање, компјутерски игри, играчница, интернет кафе, билијард дополнително се наплатуваат.

Забавни активности преку ден, на базен и плажа и вечерни шоу програми, музика во живо, специјални вечери, кино, диско. Мини-клуб за деца од 0г до 17г, организирани во групи по возраст со разни програми во текот на денот и вечерните часови. Специјален дел за бебиња каде што бесплатно се достапни стерилзатор на пареа, апарат за затоплување шишња, микробаранова, цедалка за овошје блендер, бебешко столче за јадење, нокшир, седиште за автомобил (на барање).


Повеќе детали може да погледнете на Фибула, овде.


Ирена Ставрова