Најголемите балкански ѕвезди за Нова година ќе пејат во Бар - Црна Гора

Општина Бар и туристичката агенција Бар, заедно со Амабасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија денеска во Скопје ја промовираа туристичката понуда за новогодишната програма на Бар.

Претставена беше програмата на Бар за новогодишните празници во период од 27 декември 2023 година до 2 јануари 2024 година.

На 31декмеври во Бар ќе настапува регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена, пред платото СЦ „Тополица“.

Менаџерката на промоцијата Николета Никчевиќ рече дека Бар оваа година подготвува најбогата програма за Нова година од сите градови на црногорското крајбрежје.

-На 31 декември нашите гости и нашите Барани ќе ги забавува најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена. Она што можам да кажам е дека туристичките агенции од Македонија ја вклучија во својата понуда прославата што ќе се организира во Бар и концертот на Лепа Брена. Тоа ни е показател дека постои интерес. Пазарот во Македонија е исклучително значаен за барската општина бидејќи вие сте наши драги гости и пријатели, рече Никчевиќ.

На 27 декември како главна ѕвезда ќе настапи Андреа Демировиќ, на 28 Бојан Маровиќ, на 29 Наташа Беквалац, на 30 декември Лексингтон, а по новогодишната ноќ и настапот на Брена, на 1 јануари ќе настапи „Лапсус бенд“, додека на 2 јануари програмата финишира со настапот на пеачката Анѓелина. Како предгрупи сите шест вечери ќе настапат локални изведувачи од градот со цел да се промоцира и локалната музичка сцена. Секоја вечер, по главната забава, предвиден е настап на Ди-Џеи.

Сите содржини ќе бидат изведени на платото пред Спорсткиот центар „Тополица“ кој за таа прилика ќе биде специјално накитен во новогодишно руво. На платото ќе бидат поставени и 13  куќички каде гостите ќе можат да дегустираат локални специјалитети и пијалоци.

Амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија Марија Петровиќ истакна дека двете земји имаат навистина пријателски и содржајни односи на сите нивоа, а тоа е потврдено како на честите политички контатки на највисоко ниво, така и на економско ниво и во областа на туризмот на што се става акцент во последно време.

За постителите кои ќе дојдат со семејствата за време на новогодишните празници, подготвена е пригодна детска програма за најмлади, која ќе се случува во текот на денот.

Промоција на новогодишната програма организирана од Туристичка организација од Бар за пошироката јавност ќе се одржи утре во текот на целиот ден во трговскиот центар „Ист гејт“.

ПР