На рајски одмор со партнерката: Голманот Дино Захов откри дел од приватноста (ФОТО)

Познатиот македонски голман и репрезентативец Костадин Захов или познат како Дино ужива на одмор со својата партнерка

Имено тој сподели фотографии со неговата партнерка Ивана Давидовиќ, и рајското место кое го посетиле.

-Во слободно време сакам да се посветам на работите кои ја зголемуваат среќата во мене и ми помагаат да го зајакнам мојот позитивен дух. Тука ми помагаат гитарата, инструмент и дел од мене кој редовно го користам за релаксација, забава, но и кога сум во друштво. Не би бил Дино ако не е мојата фамилија, слободно време иако го имам малку го користам за да се видам со моите - откри претходно Захов за Женски Магазин.