Мина призна дека почнала да се занимава со проституција на 16 години: „Мајка ми постојано ме прашуваше од каде ги земам парите, но јас вака ѝ реков...“


Поранешната учесничка на реалити шоуа, Мина Врбашки еднаш призна дека се занимавала со проституција когс имала 16 години.

Старлетата Мина Врбашки тогаш во шокантната исповед призна дека го практикувала најстариот занает и откри како сето тоа започнало.

- На некој начин се каам, на некој начин не, затоа што на себе и на моето семејство им обезбедив тоа што го бараа. Не сакам да кажам колку заработив од првата проституција во која зачекорив на 16 години. Тоа беше најлошиот ден, односно кога го правев тоа, тие денови беа најлоши. Мајка ми не знаеше. Таа се сомневаше и ме праша неколку пати, но јас не признав дека така заработувам – рекла Мина одговарајќи на новинарските прашања.

- Секогаш и велев дека никогаш нема да го направам тоа за себе и за нив. Верував дека никогаш нема да знае, немав храброст да и кажам. И кажав дека сум позајмила пари, а кога ме праша за долговите, и реков дека сите тие пари и ги дадов од сè срце и менував темата кога сфаќав дека не ми верува. Се изборив со тоа, отидов на психијатар. Моите две пријателки знаеја дека го правам тоа, но не ни разговарав со нив за тоа – додала тогаш.

Инаку, Мина Врбашки години наназад целосно го промени животот.ж

Го промени нејзиниот живот од корен

Мина еднаш призна дека се занимавала со проституција, а сега вели дека тој период од животот и е минато.

- Да, далечно минато. Тргнав по друг пат. Наскоро почнувам со курс кој треба да го завршам, а потоа засекогаш ќе ја напуштам оваа земја. За мене тоа се последните чекори на сцената и медиумите овде. Се чувствувам како повеќе да не припаѓам овде.

Foto:Instagram