„Ја видов и знаев дека е вистинската, но таа со месеци бегаше од мене“: Љубовната приказна на кралицата Ранија и кралот Абдул од Јордан

Во неделата, на 9 јуни, јорданскиот крал Абдула Втори го прослави својот сребрен јубилеј како монарх, односно 25 години на тронот. По повод оваа важна годишнина, на улиците на Аман имаше државна парада и голема прослава, а кралот седна во центарот со сопругата кралицата Ранија и синот престолонаследник Хусеин и неговата бремена сопруга Рајва.

Кралот и кралицата Ранија, очекувано, привлекоа најголемо внимание, а додека Абдула Втори носеше свечена воена униформа со амблеми, неговата сопруга повторно направи одличен моден избор, успевајќи да ги спои традицијата и трендовите.

Убавата бринета се одлучи за долг бел фустан, кој во долниот дел е многу луксузен и изработен од неколку метри ткаенина, додека во горниот дел потсетува на кошула со балонски ракави, а е украсен со сив корсет, кој на цела комбинација и даде модерен допир. Дијамантската круна и впечатливите обетки направија Ранија да изгледа гламурозно и луксузно.

Љубовната приказна на кралот Абдул и кралицата Ранија

Во јуни оваа година кралот Абдула и кралицата Ранија ќе прослават 31 година од бракот, а тие важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена кои никогаш не ја криеле својата наклонетост еден кон друг и кои заедно го водат Јордан веќе три децении и извршуваат бројни државни обврски.

Сопружниците се запознале во август 1992 година, на вечера кај сестрата на Абдула - принцезата Ајша, со која убавата Ранија била блиска пријателка. Јорданскиот крал опишал како изгледал овој момент во својата книга „Нашата последна шанса“ – признал дека бил маѓепсан од нејзината убавина штом ја видел.

„Кога ја погледнав, си помислив: „Колку убава дама, имаше 22 години и немаше поминато многу време во Јордан, бидејќи порасна во Кувајт и се пресели во Јордан за време на Заливската војна“, напишал тој.

Абдула се обидел да и се јави по вечерата, но Ранија била тврд орев. „Слушнав некои гласини за тебе“, му рекла таа, но тој имал подготвено одговор: „Не реков дека сум ангел, туку половина од она што си го слушнала за мене е само празен разговор“.

Со ветување дека ќе размисли за нивна заедничка средба, Ранија го завршила разговорот. Идниот монарх, сепак, не сакал да се откаже од своето додворување; тој ја побарал заедничката пријателка да и пренесе на Ранија дека има сериозни намери, но таа сепак одбила каков било контакт.

Меѓутоа, откако Абдула во ноември ѝ испратил кутија со најдобрите белгиски чоколади, оваа убавица попуштила и ја прифати неговата покана за вечера; и тој се потрудил сам да го подготви оброкот! Абдула направил се за да ја освои Ранија - ја однел на возење со мотор во пустина, скијање на вода, летови со хеликоптери. Нивните пријатели рекле дека Абдула ја извадил Ранија од нејзината школка, и дека таа ја скротила неговата дива природа.

„Работите се развија и почнавме повеќе да разговараме и да излегуваме заедно. На 30 јануари ја поканив Ранија на вечера за мојот роденден, а татко ми седеше до мене и беше воодушевен од нејзината убавина и интелигенција. Ме покани истата вечер и ме праша: „Кога сакаш да ги запознаам нејзините родители“. Ја однесов Ранија на едно од најубавите места - на периферијата на Аман и го добив нејзиното одобрение за брак“, открил владетелот на Јордан.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs