Дизајнерите тврдат дека овој модел на фармерки изгледа најскапо, а пролетва ќе бидат најмодерни: Внесуваат префинет печат во секоја комбинација

Фармерките никогаш не излегуваат од мода и не ги познаваат годишните времиња - тие се носат секогаш и со се. Сепак, секоја сезона ни носи нови кроеви и бои на тексас, па некои модели се попопуларни од другите. Веќе неколку години доминираат полежерните и опуштени кроеви, додека тесните фармерки не се толку актуелни, а така ќе остане и оваа пролет.

Затоа, доколку сакате да бидете во тренд оваа сезона, изберете фармерки со опуштен крој, но внимавајте на нијансата на тексас. Имено, се издвојуваат сивите фармерки, како и оние во темна нијанса која популарно се нарекува „суров“ тексас бидејќи ја подразбира оригиналната боја на тексасот, односно темно сина.


Можевме да видиме индиго фармерки во колекциите пролет/лето 2024 година на повеќето луксузни брендови како Gucci, Loewe, Miu Miu и Schiaparelli. Оваа боја на фармерки остава многу намален и елегантен впечаток, а е одличен избор бидејќи и се додворува на женската фигура и визуелно ја стеснува.


Лесно се комбинираат, како и секоја друга нијанса на фармерки, но специфичната, длабока, темна нијанса ги прави попрефинети и луксузни од другите модели. И експертите се согласуваат дека ова се фармерките кои оставаат најскап впечаток!

Побарајте модна инспирација во нашата галерија.



ФОТО: Инстаграм