Дарко Лешоски: Ти си детенце изгубено во туѓа земја без мапа мила моја, ти си и таа и оваа – две жени

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

DÈS VUE– именка, потекло: Француски јазик. 

Свесност во мигoт кој актуелно го доживуваш дека тој скоро ќе постане спомен и сеќавање.

Ко да си роденa во воз кој патува, а ете ти се чини дека нигде ти од место не си се помрдналa 

Сега нешто тебе те скаменува

И гледаш нагоре како некој невидлив ангел тебе да те ставил под анестезија и те опериррат ама ти се будиш на сред таа операција 

И ете за миг од иднината ти се гледаш и како сево спомен станува.

И ете можеби ти ќе се сетиш на овој миг како старa кога меморијата тебе во спомен ти се претвора 

можеби ќе сакаш да си простиш, 

можеби ќе сакаш да се вратиш ти по себе назад, 

сега ти јасно ги гледаш сите скриени значења и зошто требало да биде така како што е сега овде во иднината. 

Ти си детенце изгубено во туѓа земја без мапа мила моја, ти си и таа и оваа – две жени, а една иста одделена со океанот на времињата, 

едната кажува што гледа другата 

зошто има смисла сето што го гледа сега.