Дарко Лешоски: Мерак

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

„Merak“– именка, потекло: Турски јазик. 

Турскиот збор Мерак доаѓа од Арапскиот  مرقّ/مراقّ, maraḳḳ, што значи „ најчувствителниот дел од желудникот,“. 

Денешното значење на „мерак“ е прилично јасно и популарно барем  во делот од континетална Европа, синоним за чин, човек или предмет кој не исполнува со особена радост и среќа, ни дава животна сила, но тој е и наша слабост истовремено.

„Едно убаво момче не можело да избере помеѓу две девојки. Кога конечно ја кажал и признал својата мака, му рекле отиде кај некој чуден дервиш. 

Момчето послушало, а тој му рекол со насмевка: Нема од тоа ништо полесно, Аллах сам ќе ти каже која е вистинската. 

Фрли го алтанов, ако падне писмо ќе биде едната, ако падне лика ќе биде другата девојка. И кога била горе дервишот ја фатил парата.

Таа што ја помисли сега, оди дај и го златников му кажал.“