Дарко Лешоски: Дај ми малку мене од твојата болка
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
„Ցավդ տանեմ – Tsavd tanem“ (фраза) – Јазик: Ерменски јазик – „Дај ми малку мене од твојата болка“
Te сакам со лажење.
На начинот на кој сестра ми ги убива бубачките, мувите и пајаците кои ќе се појават по дома, лаже дека ги убива - сите знаеме дека лаже, ги пушта!
Те сакам и со криење и со лажење.
На начинот на кој баба ми и носеше ќебе на хаската кога се породи на полноќ, а велеше дека слушнала некој да тропа ама тоа ветерот само капаците ги нишал.
Те сакам со безобразно лажење како ѓавол кој влегува на полноќ в црква да запали од свеќите само цигара и да се потсмева кога излегува.
Те сакам на начинот на кој Гетсби секоја вечер гледа сам во зелената светлина и пуши цигара.
И тогаш Бог вели: Престани да пушиш добро? Дај ми ја маката!
И велам: Кој ја? Ја немам запалено цигара којзнае од кога, сега не знам што ми текна! Немам мака, не знам за што зборуваш!
И тој вели знаеш.
И јас велам не знам.
И тој вели лажеш.
А јас ја наведнувам главата
и шепотам: Дај боже и мене некој со лажење вака да ме сака.