Ване Маркоски номиниран за најпопуларен водител на инстаграм во регионов-засега е на прва позиција

За некого обично гласање на Инстанграм, но за Ване Маркоски е големо признание, бидејќи е номиниран за најпопуларно тв лице на Инстаграм. Популарниот водител вели дека нема подобро чувство од сознанието дека некој ја следи вреднува неговата работа, на ваков креативен начин.

-Интересно и убаво изненадување е што некој од Србија се сетил на вакво нешто, бидејќи само кај нас ја следиме нивната естрадата и јавните личности. Таму нема голем интерес за нашите јавни личности,  посебно за водители или новинари. Иако е неформален избор, односно станува збор за гласање на инстаграм, сепак се радувам што некој ме ставил на таа листа.Се радувам што некој од надвор ја следи мојата работа, а ете и според гласовите, ја вреднува. Убаво е да се најдеш на листа со колеги од многу други регионални телевизии.  Социјалните мрежи дефинитивно не се за потценување. Можам само да ја пофалам иницијативата, да се заблагодарам на сите што гласаа и ми пишаа. Ако кажам дека не ми е кејф и не се радувам, ќе излажам. Првиот круг добро го поминавме. Ќе следиме што ќе се случува понатаму – посочува водителот.


С.А.Н