СО ОДЛИЧЕН ИЗБОР НА КНИГИ АРС СТУДИО И ОВАА ГОДИНА ДЕЛ ОД САЕМОТ НА КНИГАТА
АРС СТУДИО со особено задоволство ве поканува
на годинешниот Саем на книгата што ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Како и досега, АРС СТУДИО со организиран настан во рамките на саемот, а во
соработка со Италијанската амбасада, ќе го збогати ова искуство. В петок, на 4
мај 2018 год., во 14 часот – промоција на книгата Татковата куќа од
авторот Џорџо Монтефоски и средба со авторот. Татковата куќа е ремек-дело
на авторот Џорџо Монтефоски, во кое целото дејство се одвива во Рим. Во еден
семеен лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста. Трогателната
нарација на Монтефоски достигнува апсолутни стилски врвови. Од перспектива на
главниот лик е опишан животот на три генерации, нивните копнежи, радости,
загуби и заемни семејни врски.
Арс студио ве очекува на својот штанд, на 30-тиот јубилеен Саем на книгата,
каде што ќе имате можност да го изберете вашето омилено дело од одличниот
избор на книжевни дела
и книги од областа
на историјата, филозофијата, психологијата!