Денот на трудот, 1-ви Mај е симбол на борбата за правата на работниците. Како политичари и работници, наша должност е тие права да ги штитиме и унапредуваме. Македонија веќе не смее и нема да биде земја со евтина работна сила и незаштитени работници.
Ја зголемивме најниската гарантирана плата за над 90 илјади работници. Го решивме проблемот на голем број стечајни работници. Правиме се’ жените да бидат платени исто како и мажите. Наша должност е да создаваме услови да може од трудот да се живее чесно и достоинствено.
Први мај е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет. Тоа е светот на правдата, на еднаквоста и на поддршката кон сите на кои им е потребна помош. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги давале своите животи. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание.