Ми рекоа дека ќе родам дете со многу деформитети, а сопругот ми шепна: „Да не се откажуваме“ - денес на седум години, девојчето изгледа вака (ФОТО)
Три месеци од бременоста поминаа во чиста среќа и класични мали дилеми кои доаѓаат со првата бременост. Сè се промени во четвртиот месец од бременоста...
За време на ултразвукот, гинекологот виде дека нешто не е во ред, но не сакаше да навлегува во детали додека не провери се, па ме испратија на 3Д ултразвук, се присетува Солеанис Каролина Луго Естрада од Венецуела.
-Набрзо дознавме дека нашата Хелиани има многу деформитети. На лицето, рацете, нозете, усните, черепот, мозокот. Единствено неоштетено е кичмата и внатрешните органи.
-Наскоро дознавме дека станува збор за синдром на плодова вода, група на ретки вродени аномалии кои се јавуваат кога влакнести амнионски ленти се обвиткуваат околу фетусот. Мојата ќерка ги имаше обвиткано овие ленти околу целото тело, спречувајќи ја циркулацијата и развојот на телото. Кога ја слушнавме страшната вест, јас и мојот сопруг прво заплакавме. Тогаш мојот сопруг ми шепна: „Да не се откажуваме.“
Така и таа веднаш им рекла на докторите дека не сака да се откаже и ја продолжила бременоста и покрај тоа што сите лекари ја наговарале да направи абортус. Ѝ рекле дека и да роди живо дете нема да живее долго, а во секој случај животот ќе ѝ биде премногу тежок.
- Ве молам, сакам да ја износам бременоста до крај. Однесувајте се кон мене како и кон секоја трудница – им кажувала таа.
И покрај сите мрачни прогнози, Хелиани е родена во 39 недела од бременоста. Таа е родена со царски рез и имала четири и пол килограми.
-Првите денови беа премногу тешки. По породувањето бев во лоша состојба, па дури после 24 часа ми дозволија да го видам детето. Во меѓувреме, сестрите почнаа да шепотат дека нема да сакам да го видам моето монструозно дете. Признавам, нејзиниот изглед е шокантен. Кога се роди, немаше ни очи ни веѓи. Имаше истакнати вени на челото кои изгледаа како да ќе пукнат во секој момент. Таа имаше две ноздри, но тие беа затворени. Не можеше да дише низ нив.
Но, нејзината мајка вели дека била убава на свој начин.
-Првите неколку месеци моравме секоја вечер да дежураме до неа за да не се задуши. Јас, мојот сопруг и свекрвата се менувавме. Кога се опорави доволно за операција која ќе ѝ овозможи да дише, истата приказна се повтори. Лекарите ме одвратија од операција бидејќи „детето и така нема долго да живее“. Јас не се откажав.
Таа вели дека од неа научила да биде подобра и посилна.
- Не ми се допаѓа кога луѓето зјапаат во нас на улица. Не ми се допаѓа кога ја нарекуваат вонземјанин. Не ми се допаѓа кога не' туркаат и шепотат грди зборови за нас.
- Моето девојче наполни седум години, на изненадување на сите освен на најблиските. Јасно ни е каков борец е Хелиани. Таа оди на терапија и од неодамна може малку да ги контролира движењата на главата. Знам дека нејзиниот напредок ќе биде ужасно бавен и тежок, но јас ќе бидам тука за неа. Секој има право на живот.
Но девојчето не наидува на осуди и навреди само на улица.
- На интернет редовно ме осудуваат дека сум родила „вонземјанин“ и „чудовиште“. Не одговарам на навреди. Едноставно им кажувам дека и ним може да им се случи во секунда да им се преврти животната ситуација и наеднаш да станат целосно зависни од нечија помош.
- Дали тогаш би помислил дека не заслужуваш да живееш? - ги прашувам.
Тогаш тие обично молчат. И се враќам кај мојата девојка, мојот борец, а преку Инстаграм само сакам да им покажам на луѓето што е волја!!!
извор:najzena