Картичката Visa Platinum е достапна со премиум-поволности

Добивај вести на Viber

„Халкбанк“, во партнерство со „Visa“, вчера го претстави Премиум-пакетот, прв од овој вид на македонскиот пазар, кој ги спојува поволностите во кои уживаат имателите на картички „Visa Platinum“, отворајќи сосема нов свет на привилегии за македонските граѓани, во земјата и во странство.

Во присуство на владини претставници, амбасадорката на Р. Турција во Македонија, г-ѓа Тулин Еркал Кара, како и многубројни деловни партнери, клиенти и претставници на медиумите, во одличната атмосфера на ресторанот „Фор“ во Скопје, претставниците на „Халкбанк“ и на „Visa“ го претставија своето ново портфолио на платинум-услуги, наменети за ексклузивните клиенти на банката.

„Банкарскиот и финансиски сектор, на глобално ниво, е особено динамичен. Процесот на модернизација и постојано подобрување на банкарските услуги е постојано присутен, што е задолжителен елемент за добивање предност пред конкурентите и стекнување нови, задоволни клиенти. Луѓето знаат што треба да очекуваат од една услужна компанија и знаат колку е клиентот, впрочем, важен за компаниите. Така, наше е да најдеме соодветен начин за исполнување, па дури и за надминување на нивните потреби, секогаш нудејќи им услуги со дадена вредност, иновативни производи и грижа за корисниците, како што, впрочем, и заслужуваат. Следејќи го таквиот пат, денеска го збогатуваме нашето портфолио на картички додавајќи ја картичката Visa Platinum, која на корисниците ќе им овозможи многубројни бенефиции и платинум-искуство во земјата и во странство, изјави г. Билал Суџубаши, главен извршен директор на „Халкбанк Македонија“.


Г. Владимир Ѓорѓевиќ, менаџер на „Visa“ за Југоисточна Европа, изјави дека „Visa“ е посветена на носење иновативни производи и услуги за своите клиенти, додека, пак, премиум-производите се осмислени со цел да им се овозможат уште поголеми придобивки при безготовински плаќања.

Visa“ постојано нуди иновации на пазарот, подобрувајќи ги своите производи, системи и услуги и носејќи ги придобивките на електронското плаќање на корисниците во Република Македонија. Во рамките на нашите премиум-производи на „Visa“ - обезбедуваме најдобри поволности во согласност со животниот стил на нашите клиенти во различни категории, како што се патувања, забава и купување. Денес, заедно со нашиот долгогодишен партнер - „Халкбанк“, ја претставуваме првата картичка „Visa Platinum“ во Република Македонија. Предлагајќи уште подобри карактеристики, картичката „Visa Platinum“ не само што нуди безбедна и едноставна алтернатива на плаќањето со готовина, туку исто така ќе ги воодушеви сите оние кои обожаваат да патуваат, благодарение на изборот на погодности приспособени за сечиј животен стил. Замислена да ги задоволи потребите на ексклузивните корисници, „Visa Platinum“ е создадена за оние кои уживаат во софистициран животен стил исполнет со слобода, отворен пристап и погодност, нудејќи паметен, сигурен и лесен начин за носење средства во странски валути и нудејќи одлични банкарски решенија за оние кои уживаат да патуваат“,изјави г. Владимир Ѓорѓевиќ, менаџер на „Visa“ за Југоисточна Европа.

Платинум-пакетот услуги на „Халкбанк“ ја вклучува првата „Visa Platinum“ картичка на македонскиот пазар, која на корисниците ќе им отвори еден нов свет на безбројни погодности, насекаде низ светот на „Visa“. 


Особено сме горди што денес уште еднаш ја потврдуваме нашата пионерска положба со претставувањето на пакетот „Visa Platinum“ за првпат на македонскиот пазар. Пакетот „Visa Platinum“ нуди бесплатни услуги, како што е информирање преку СМС, електронско банкарство и мобилно банкарство, продолжувајќи со услуги на безбедно плаќање на 10 милиони продажни места низ светот, но исто така и уникатни бенефиции, како што се повлекување готовина бесплатно  на повеќе од 1,9 милиони банкомати низ светот, пристап до удобни аеродромски ресторани насекаде низ светот, лекарско и патничко  упатување, заштита при купување во случај на губење, пристап до Интернационалната Премиум-програма со понуди и многу повеќе“, изјави г. Атила Селим, маркетинг-менаџер на Одделот за алтернативни канали.

Картичката „Visa Platinum“ припаѓа на групата премиум-производи на „Visa“ која нуди пристап до многубројни поволности на своите корисници, овозможувајќи им да уживаат во неспоредливи привилегии, каде и да се. Пакетот е замислен да ги задоволи потребите и да излезе во пресрет на животниот стил и деловните навики на елитните клиенти на „Халкбанк“, како и на клиентите кои често патуваат во странство.

Повеќе информации за новиот пакет „Visa Platinum“ на „Халкбанк“ може да се најдат на веб-страницата на „Халкбанк“ на www.halkbank.mk