Извондредно парче: Дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски со фустан за Тејлор Свифт

Уште еден огромен успех за светскиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски

Американската пејачка Тејлор Свифт која неодамна го објави својот најнов албум,11-ти по ред насловен како „The Tortured Poets Department“, за првиот објавен видео запис облече парче од дизајнерот со македонско потекло кој живее во Австралија.

Станува збор за дуетот „Fortnight“ со еден од најдобрите рапери во светот Пост Малоун, каде Тејлор во еден момент и ги копира тетоважите на музичарот.

Извондредната креација во бела боја и асиметричен крој која пејачката ја носи во видео записот е дело на Матичевски кој во потврди дека Тејлор е првата која го облекла ова модно парче од 6.200 долари и дека нејзините стилисти стапиле во контакт со него уште пред доделувањето на годинашните музички награди „Греми“, кога таа го најави нејзиниот нов студиски албум.


„Добре дојде за албумот „Tortured Poets Deparment“. Првата песна „Fortnight“ на неверојатната Тејлор Свифт e исклучително музичко, светско дело и каква чест е да се биде дел од него. Ви благодарам на сите што ме вклучивте“ – напиша Матичевски на својот Инстаграм профил.


Имено Тони Матичевски е дизајнер со македонско потекло кој во Австралија со семејството се преселил во седумдесетите години и е дел од стилските избори на многу светски познати дами меѓу кои Ева Лонгорија, Џенифер Лопез, Бијонсе, Пенелопе Круз, Елизабет Харли, Кетрин Зета Џонс, Хајди Клум и многу други.