Дојде од африканско племе и го освои срцето на Марко: „Одам на кафе да оговарам како и сите Балканци“, но ова ја шокира

Дваесет и шест годишната Ѓамила Станиќ е родена во Република Зеленортски Острови, а на осум години со семејството се преселила во Бостон. Сепак, од минатата година таа по љубов дојде во Бања Лука

Шармантната Ѓамила е четири години во брак со Марко Станиќ, кого го запознала во Бостон, а за кого подоцна се преселила во Република Српска. Таа стана популарна на социјалните мрежи благодарение на нејзините интересни видеа во кои често зборува за нејзиниот ентузијазам за балканската храна и луѓе.

Таа е во брак со Србинот Марко и е многу активна на социјалните мрежи каде зборува за своите искуства на Балканот и ги споредува со Западот.

Така таа неодамна објави видео на „TikTok“, на нејзината страница @blackbalkangirl и направи разлика помеѓу животот во САД и во нашиот регион.

@blackbalkangirl #balkans #balkantiktok #usa #different #bosnia #banjaluka #reeloftheday #europe #travel #livingaboard #djamilastanic #travelexperience

Таа вели дека трошоците за живот на Балканот се поевтини, дури и со локални плати. Покрај тоа, здравственото осигурување е практично бесплатно, додека во Америка чини многу.

„Луѓето овде се пољубезни, поспонтани и секогаш расположени за кафе. Таму сѐ планираш со месеци однапред“, рече Ѓамила.

Таа ја истакна и разликата во продавниците. Имено, на Балканот клиентите сами си го мерат овошјето и зеленчукот, додека во САД тоа не е случај.

Освен тоа, на Балканот секаде полесно се движи пеш, додека во американските градови неопходен е автомобил.

@blackbalkangirl #balkan #boston #fyp #culturaldifference #blackgirl

Во едно од претходните видеа таа спомна дека Балканците почесто излегуваат на кафе, додека Американците повеќе сакаат вечера.

„Овде луѓето имаат подобар социјален живот, поминуваат време со пријателите и семејството, додека во Бостон не е лесно поради зафатениот начин на живот“, вели Ѓамила.

Таа додава дека во повеќето балкански земји може да се пуши во ресторани и кафулиња, додека во САД е дозволено само надвор.

„Во Бостон е забрането од 2004-та година, тоа е она што најмногу ме шокираше“, објасни таа.

@blackbalkangirl #balkans #blackgirl #foreigner #foreignerinbosnia #banjaluka #easterneurope #fyp

Во едно од нејзините видеа што ги објавува на „Тик Ток“, таа опиша што прават и што најмногу ѝ се допаѓа жените од Балканот.

- Јас сум балканска жена, секако дека одам на кафе само за да озборувам.

- Јас сум жена од Балканот, секако се дотерувам кога одам во продавница.

- Јас сум жена од Балканот, секако можам да одам и со штикли.

- Јас сум жена од Балканот, секако дека сум одлична домаќинка.

- Дојдете на гости.


Извор: stil.kurir