Дарко Лешоски: Отвори го срцето пред оној кој го сакаш

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

„Sbottonarsi“– глагол, потекло: Италијански јазик

во буквален превод откопчување на кошула, во преносен, разговорен, да си го отвориш срцето така пред оној кого го сакаш. 

Љубов после љубов – Дерек Велкот

(препев: Дарко Лешоски).

Ќе дојде време кога, со воодушевување

ќе се поздравиш ти сам себе

 дома при пристигнување,

во свое огледало вие обајцата ќе се насмеете и ќе си посакате добредојде

и ќе си речете, седни овде. 

Јади.

Повторно ќе го сакаш странецот кој беше она јас твое.

Дај вино. 

Дај леб.

Врати си го срцето себе, 

на странецот кој те сакал цел живот тебе

Оној кого ти го игнорираше за другите, кој те знае како срцето свое.

Дај ми ги љубовните писма од полиците за книги, фотографиите,  белешките полни очаи,

излупи ја својата слика од огледалото. Седни.

Празнувањето на твојот живот нека почне.