Андријана Петрушовска и Моника Црнокрак во секси - тренди изглед: Светките се повторно мода

Македонската претатвничка на познатото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска не престанува да изненадувасо нејзиниот изглед.

За ова саботно издание на „Гранд“ пејачката одбрала тренди модерно парче, составено од два дела, горен дел - топ со карактеристични ракави и кусо здолниште, розовата  комбинацијата ја надополнила со високи сребрени чизми.

Андријана неодамна се одлучи и нешто да промени во нејзиниот изглед, а тоа е долга коса карактеристично за неа и шишки кои одлично и прилегаат.

Изгледа дека светкавите материјали се повторно тренд. Тоа го потврдува и Моника Црнокрак која исто така за моден ангажман се одлучила за мастило изглед, со целосни панталони.

Светките се секогаш сјајни и софистицирани, па затоа имаат голема тежина во секоја комбинација на облека. При нивното комбинирање мора да се потпрете на други поедноставни парчиња кои не го нарушуваат стајлингот и кои ви овозможуваат да постигнете избалансиран стил. Ако сакате да носите светки со трикотажа, ќе застанете рамо до рамо со најголемите модни инфлуенсерки.

Фото: Инстаграм