Зошто Никол Кидман не дојде на Оскарите 2020?

Актерската ѕвезда Никол Кидман (52) не дојде на 92. Оскари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес и ги ускрати со присуството и тоалета своите фанови на црвениот килим. Ѕвездата која е актуелна со филмот „Бомбшел“ во кои глумат и Шарлиз Терон и Марго Роби, кои беа номинирани за Оскар во главна и споредна женска улога, со порака на Истанграм се потсети на најубавите моменти од најпрестижните филмски награди и на сите им посака убава оскаровска ноќ.

Кидман со изборот на тоалетите беше лидер на црвениот килим на Оскарите. Некогаш романтична, некогаш авангардна, секогаш имаше мерка да предизвика внимание и да ја истакне софистицираноста на најважната модна писта во светот. Омилена меѓу светските дизајнери, секогаш беше добра реклама и за нив и за светската кинематографија.