Животот на една македонска стујардеса од Saudia Airlines

Сосема случајно се пријавив на огласот за SAUDIA на кој налетав на порталот „Вработување”. Во тоа време работев како агент во еден call центар во Скопје. Едно од прашањата што ми го поставија претставници од САУДИА на конечното интервју беше што си чекала толку долго за да се пријавиш и да си го оствариш сонот. И јас тоа сега се прашувам зошто не порано а сум била само на чекор од едно поразлично поглавје.

Интервју со Елизабета Николовска, 29 години од Прилеп

* Како ти се роди желбата да станеш стујардеса?

- Морам да бидам искрена и да кажам дека не носев огромна желба кон оваа професија, а сега кога веќе ја работам во еден здив кажувам се заљубив во истата. Предизвикот да ги видам убавините на светот од друг аспект и возбудата што ја носи оваа работа се неодолив залак за секоја храбра девојка.

* Постојано патувате, како го поминуваш слободното време кога не си на работа?

- Престојувам во Џеда, Саудиска Арабија, туристички град кој излегува на Црвено Море. Поради високите температури најчесто денот го поминуваме на базените во комплексот каде што сме сместени само девојки или поретко на некоја од приватните плажи. Сместувањето го обезбедува компанијата. САУДИА има организирано превоз до “Балат” стариот дел од градот каде што пазариме по пристапни цени и до неколку поголеми шопинг центри. Локацијата на комплексот каде што сме сместени е во центарот на градот а во околоната има прекрасни ресторани, шеталишта.

* По што се разликува оваа професија останатите?

- Во оваа професија флексбилноста е клучен елемент затоа што немаме одредено работно време па мораме секогаш да бидеме на “штрек” и спремни за следниот лет. И тоа не е се, стујардеса е професија што носи во себе многу други професии. Обврската на една стујардеса е патниците да стигнат безбедни, здрави и задоволни на избраната дестинација. Saudia Airlines се грижи за своите вработени. Ете ќе издвојам дека сме сместени  во најдобрите хотелски брендови во градовите каде што патуваме.

* Колку и како ти го има работата во Saudia Airlines променето животот? 

- Животот ми се промени во секоја смисла на зборот. Го живеам сонот што секоја девојка сака да го живее. Имам доволно слободно време и можам даа уживам во малите задоволства кои ме прават среќна и исполнета. Запознав преубави луѓе кои се денес мојата фамилија и не би можела да замислам ниту еден ден без нив. Се движам и во ниту еден момент не застанувам.

* Си посетила многу дестинации, можеш ли да ни наброиш неколку и која ти е омилена?

- Со оглед на тоа што веќе го завршувам вториот месец посетив доста дестинации. Првиот лет ми беше за Каиро преку Медина. Следен лет Лондон, љубов на прв поглед. Франкфурт, урбан и отмен како и секогаш, Женева и на крајот од Јули градот на светлината и љубовта Париз. Од тоа што досега го видов морам да ја одвојам Женева, мал Охрид духот на градот е како една магична бајка која раскажува приказна што никогаш не завршува.

* Дали сметаш дека ја имаш одбрано вистинската професија, дали уживаш во тоа што го работиш?

- Ако треба даа бирам професија пак би ја избрала истата. Животот на 40.000 стапки над земјата не би го менувала за ништо.

* Можеш ли да споделиш едно од твоите омилени доживувања на лет?

- Никогаш нема да го заборавам летот за Париз тоа беше еден од првите летови. Тројца момци ми го направија летот презабавен. Јас одам да ги послужам а тие низ шега се послужуваат сами и ми помагаат за време на летот. На заминување трчаа низ авион и на цел глас како на стадион “You are the best”.  Се надевам ќе има уште многу убави моменти.