Жените секогаш планираат, па дури и крајот на врската

Жените се многу комплицирани битија. Кога се подготвуваат да ја завршат врската, испраќаат сигнали. Само треба да знаете како да ги дешифрирате. 

Стануваат молчаливи 
Без разлика дали станува збор за разговор во живо или пораки, жената која користи кратки реченици и делува незаинтересирано при разговорот, е точно тоа - незаинтересирана. Интересот веројатно е пренасочен на нешто друго, или подобро речено на некој друг. 
Често „не ни е ништо“ 
Секоја жена, понекогаш се повлекува и вели дека не и е ништо, кога ќе ја прашаат што не е во ред. Жената која е таква подолго време, сигурно разгледува други опции.
Водењето љубов се одложува на… 
Главоболката е само повремен изговор кога не сакаме секс. Сепак, постои разлика меѓу повремено изгубената мотивација и постојаната. Жената која често го прави тоа, размислува за крај. 
Инсистира на време за себе 
Секој од нас има потреба од време за себе. Но, кога жената има потреба од таква опција почесто, веројатно не е баш најсреќна. Привременото излегување се повторува и тоа сѐ почесто. Сѐ повеќе изговори се нудат на тацна. Веќе не крие дека сака да ја оставиш на мир.