Збогум Кирк Даглас: Легендарниот актер почина на 103 години

Легендарниот холивудски актер Кирк Даглас почина на 103 години. Тажната вест на „Инстаграм“ ја соопшти неговиот исто толку познат син, актерот Мајкл Даглас. 

- Со голема тага јас и моите браќа сакаме да соопштиме дека Кирк Даглас нѐ напушти денес на 103 години. За светот беше легенда, актер од златното филмско доба и хуманитарец, но за нас беше едноставно татко - изјави, меѓу другото, Мајкл.

Роден како Исур Даниелович на 9 декември 1916 во Њујорк, го променил името во Кирк Даглас пред да ѝ се придружи на морнарицата во Втората светска војна. Во 1996 година Кирк прими почесен Оскар.

Дури 65 години беше во брак со втората сопруга Ен Бајденс.