Мијте ги рацете со овие сапуни, апелираат лекарите

За да се заштитите од коронавируси, многу е важно редовно да ги миете рацете, денови наназад аплеираат лекарите. Кога станува збор за заштита од коронавирус, маските за лице можат да помогнат, но лекарите се согласуваат дека редовното миење на рацете може да биде уште поважно од нив.

Лекарите и министерството за здравство со препораки за тоа како да се заштитите од инфекција со вирусот корона а како најважна заштита од него го наведоа редовното миење на рацете како најважен чекор.

Според српскиот инфектолог др. Миомир Пелемиш најдобра заштита е да се мијат рацете со топла вода и обичен сапун.

„Не течен, туку обичен сапун. Течниот сапун носи бактерии“, рече д-р Пелемиш.

Лекарите во земјава и во регионот велат дека нема причина за паника.

Во земјава, една жена е со потврден ковид 19 и е во добра здравствена состојба. Надлежните будно ја следат ситуацијата и апелираат до граѓаните, особено до сите оние кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони.