Започнува нов образовен модел „Бибиверзум

Овозможете му на вашето дете да истражува и да учи во „Бибиверзум“

Ако вашето дете има од 5 до 7 години и сакате да истражува, да научи како да мисли, а не што да мисли, да се сомнева, да прашува, да прави грешки и да учи од сопствените грешки, и најважно, да му биде убаво и забавно додека учи, пријавете го да стане член на нашиот „Бибиверзум“. Образовниот центар, кој се наоѓа во Градскиот трговски центар I кат во Скопје, (веднаш до ресторанот „Џино“) е дел од големата образовна платформа „Во светот на Биби“, која вклучува многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата.

Од 21 октомври почнуваме со пилот-програмата која први ќе можат да ја искусат 40 дечиња на возраст од 5 до 7 години. Ќе се работи во пет групи од по осум деца, а секоја група ќе се среќава еднаш неделно, во терминот од 18 до 19.30 часот во работни денови. Цената изнесува 2000 денари месечно.

Пријавувањето на децата ќе биде онлајн, на страницата деца.мк, кое ќе започне во вторник (8 октомври) точно на пладне. Предност ќе имаат децата коишто ќе бидат први пријавени.

А што ќе учат децата во наредните два месеца?

Од 21 до 25 октомври во фокусот ќе ни биде темата „Ние и светот“. Ќе учиме за развивање на свеста за светот во кој живееме, како и за културата за одржлива иднина и развој. Од 28 октомври до 1 ноември нашата тема на интерес ќе биде „Почувствувај ја природата“.

Од 4 до 8 ноември ќе зборуваме за мојот карактер. Од 11 до 15 ноември ќе се интересираме за „Мојот мајчин јазик“ и развојот и културата на говор, интеракција и изразување. Од 18 до 22 ноември ќе зборуваме за „Светот на уметноста“, затоа што природен јазик на децата е јазикот на уметноста. Од 25 до 29 ноември ќе истражуваме во „Лабораторијата на Биби“. Од 2 до 6 декември ќе се интересираме на тема „Мојата професија“ и ќе развиваме навики кон работата. Од 9 до 13 декември ќе учиме повеќе за медиумската писменост во темата „Поврзување (Конекција)“.

Омилените анимирани ликови на децата, Биби и Боби ќе бидат дел од програмата.

Образовната платформа вклучува многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата. Сите тие ќе бидат дел од програмата во „Бибиверзум“, во која ќе ги интегрираме и користиме со цел децата да го запознаваат животот, да го доживуваат неговото богатство, да ги почувствуваат и да влезат во неговите убавини, да се соочуваат со неговите спротивности и промени, постепено да го согледуваат своето место во реалноста.