Забава со Војо на хуманата недела за бездомните животни

Утре, (недела) од 12 часот во „Оринџ кидс клаб“ ќе се одржи настанот хумана недела . 

Во пресрет на студените зимски денови се организира оваа акција, каде што присутните ќе донираат употреблива топла облека, која „Копче“ при Црвениот крст ќе ја селектираат и ќе се погрижат да стигне до вистинските раце. Ќе се донира и храна и ќебиња за бездомните животни.  

Креативниот тим подготви богата едукативно забавна програма за деца и возрасни: час по танц, курс по моден дизајн, караоке за деца и родители, зимска креативна работилница, едукативен час на тема „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ и уникатното Рептил Шоу со Војо Иванов.

За сите хумани децаа се подготвени ваучери и подароци. 

Влез за двочасовната програма за деца:100 денари. Со секоја влезница донирате за бездомните животни.